– Чест и задоволство ми е што сме собрани овде. Смртта на Канго не значи и смрт на неговите дела. Јас како иницијатор за формирање на иницијативниот одбор за продолжување на делата на Канго ќе настојувам на најдобар можен начин да го продолжиме тоа што тој со години наназад го правеше и за музиката и општо за целата култура во државата. Се собравме заедно со неговото семејство да го одбележиме големиот настан Мактеон и да ве известиме дека во најскоро време ќе следува организирање на голем настан во негова чест и слава и вечно сеќавање, рече Ненад Стојанов, организатор.
На 23-от космополитски собор освен поддржувачите на Канго, присуствуваа и членови на поголем број здруженија од Македонија меѓу кои свое обраќање имаше и Бошко Божинов, претседател на здружението за заштита на човековите права на прогонетите од егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда“ од Велес.
Понатаму со дружење, постетување на делата на Канго продолжи прославата преку која сите што беа присутни му возвратија на Канго за љубовта бидејќи тој ги љубеше сите и со многу љубов правеше се за Македонија.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=e8or114KeO8
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.