Во дворот на ОУ „Никола Карев“ поставени се клупи и маси, а просторот околу нив доби соодветно хортикултурно уредување.
Клупите и масите ќе им служат на учениците како место што ќе може да се користи за часови во природа, за консумирање на оброкот за време на големиот одмор и место за меѓусебно дружење.
Активноста е реализирана од страна на техничкиот персонал заедно со домаќинот на училиштето.
Од ОУ „Никола Карев“ најавуваат дека и во иднина ќе продожат да вложуват во училиштето за да се обезбедат што подобри услови за учениците и наставниот кадар.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.