– Ставот на „Цивил“ е дека граѓаните и граѓанките треба да знаат дека имаат право да знаат како да го заштитат своето право на глас и дека ако излазат на референдумот тогаш тие одлучуваат за судбината на нивната земја. независно од тоа како ќе го дадат својот глас. Ние ќе имаме прес-конференции на денот на гласање, на 30. септември, а по завршување на референдумскиот процес „Цивил – центар за слобода“ ќе излезе со извештаи, анализи и наоди од спроведениот референдумски процес, рече Билјана Јордановска од НВО “Цивил“.
Граѓаните на Кочани со различни ставови во врска со референдумот, оставаа пишани пораки на штандот, но и преку медиумите ги пренесоа своите мислења за целиот процес.
– Гласам за Македонија, го поддржувам овој референдум и договорот од Преспа, тоа е мојата порака… Мислам дека народот треба, сите да излезат, тоа е за добро, за иднината на нашите деца, на нашите внуци… Зошто, затоа што ќе бидеме отворени, цела Македонија ќе биде отворена, каде сакаат ќе одат, како што беше некогаш со Тито, така и сега ќе биде ако гласаат “за“… Мене ми изгледа дека Македонија се враќа во 1913 година, да се поништи името Македонија, на тоа ми асоцира и со тоа така ќе заврши… Што ќе добиеме? Ќе добиеме за младите помош, ќе одат во друга држава и да се лечат, и да заработуваат пари и за дома, рекоа дел од анкетираните граѓани.
Тимот на “Цивил“ во текот на денот имаше штандови и во Скопје, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка. Посетите се дел од проектот „Гласам, значи постојам“ кој е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.