-Компостирањето се изведува во две фази, од кои едната е интензивна и трае две недели, а втората е прогресивна и за неа се потребни околу 45 дена. Во процесот се користат посебни полимери за згуснување на отпадните материии, по што во посебна комора се загреваат и сушат на температура од 37 степени и се добива природен метан. Дневно се добиваат околу седум кубни метри отпадна мил, кои се мешаат со петнаесетина метри кубни оризова слама и по ферментирањето се добива хранлива супстанца што може да се користи во земјоделството, истакна Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.
Според важечките законски прописи комуналното јавно претпријатие не може да го продава ѓубривото, па во оваа фаза тоа бесплатно ќе им биде распределено на земјоделците кои помогнале во прибирањето на потребните количини оризова слама.
Производството на органско ѓубриво во „Водовод“ е дел од проектот за изградба и функционирање на пречистителната станица за отпадни води, што финансиски го помогна Владата на Швајцарија. Како компонента на проектот е зачувувањето на животната средина и спречување на палењето сламата и остатоците по жетвата на оризот во кочанскиот регион.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.