– Уште како мал имав афинитети кон пишувањето, пишувам и македонска поезија, но некако полесно ми е изразувањето на англиски јазик. Првата песна на англиски ја напишав пред 4 месеци и еве во ова збирка се веќе 20-на, но има уште за објавување. Книгата е насловена “Мисли“, бидејќи ги пренесува моите мисли за осознавањето на светот и нашата секојдневна борба. Како го сфаќам светот ќе видите во песните, рече Марко Мансиев, автор на збирката.
Поетската збирка е напишна на англиски јазик , за многумина тоа може да биде хендикеп, но Марко избрал токму на овој универзален јазик да ги сподели своите емотивни приказни, рече промоторот Орце Павлов.
– Првата поетска збирка на младиот поет Марко Манасиев е енциклопедија на емоции креирана како одговор на сериозните предизвици инспирирани од секојдневието на адолесцент заробен помеѓу два света. Марко има само 15 години, а ако не го знаеме тој податок, би помислиле дека зад овој пишуван материјал стои човек кој го спознал животот во сите негови нијанси, рече Орце Павлов, рецензент на збирката.
Печатењето на првата англиска стихозбирка во архивата на општина Виница беше комплетно покриена од приватната компанија Макпрогрес.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=q1Hj2sXhkdc
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.