Авторот рече дека пораснал со панкот, но сега веќе пишува декапанкот е мртов, и рече дека го пишува она што го живее и призна дека му е потрербен психијатар за лекување.
-Ми треба лекар, а мојот лекар е психијатарот кој цело време ми вели да пишувам, бидејќи ако не пишувам јас ќе умрам. Кога размислував што ќе работам во животот толку паднав ниско што имав три самоубиствени обиди, но не успеав во нив и ете жив сум. Првиот самоубиствен обид ми беше да се запалам со плин, но ми снема плин, после сакав да се обесам, но ми се скина јажетотр, а третиот пат се фрлив под автомобил, но тој застана и така немав среќа, по што сфатив дека Бог ме сака и не ми дал да си го одземамам животот. Сега сум среќен во животот и затоа пишувам, додаде Космач.
Космач ја истакна и соработката со Словенецот Марко Брецељ, ексцентричен, мултимедијален уметник попознат како поранешен фронтмен на култниот југословенски рок-бенд од 70-тите и 80-тите, „Булдожер“ кој што исто така беше присутен на промоцијата. Со него се запознале пред 15 години на една културна средба и сега соработуваат.
Инаку, книгата од словенечки на македонски јазик ја преведе претседателот на годинешното издание на ДАФ, Дарко Спасов.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.