Oпфатени се многу сегменти, работена е стручно, макотрпно, бидејќи по архивите и библиотеките се пронајдени документи и аргументации за нејзиниот живот и дело, бидејќи Антоновска беше личност која што не се фалеше со своето минато, рече Гордана Јовиќ – Стојковска, промотор на книгата.
Автор на монографијата е нејзиниот син Иван Антоновски.
-Во моментот кога се случи физичката загуба односно нејзиното заминување од овој свет во октомври пред две години, дојдов до сознание дека поради нејзината скромност и поради начинот на кој што таа размислуваше и дејствуваше за најголемиот дел од сетоа она што е сегмент на нејзината биографија и мене ми било непознато затоа што таа самата не го потенцираше тоа како нешто што треба да биде постојано достапна информација. Меѓутоа кога се дојде до момент на истражување по библиотеките, архивите, во депоата на многу институции се дојде до една целина која што и Светлана Антоновска и мене ме претстави во поинакво светло започнувајќи од нејзината улога во 70 тите години од минатиот век кога се смета за предводник на еден процес на демократизација во младинската организација, рече Иван Антоновски, автор на монографијата.
Светлана Антоновска има добиено низа признанија меѓу кои и признанието кое го добила во периодот од 2000 до 2001 година за тоа дека се наоѓа меѓу 500 водечки интелектуалци во светот.
Книгата е богата со фотографии, секоја фотографија сама по себе раскажува за одреден дел од животот на Светлана Антоновска и самата монографија претставува едно импозантно дело кое што освен што го претставува животот на Антоновска и поучува како треба да се биде човек.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=b8tdZNdEhpo&feature=youtu.be
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.