Вечерва во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа промоција на 10-та јубилејна поетската збирка „Метрички карван“, во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија.
Настанот е во склоп на програмата што Општина Кочани ја организира по повод Петровден – празникот на градот.
Станува збор за збирка поезија во која секоја година учествуваат гевгелиските автори со поети од друг град во Македонија. Во ова издание се застапени и кочански, роднокрајни автори со нивни нови, необјавени стихови.
-Вечерва промовираме едно мошне интресно издание „Метрички караван“ на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ и во него се поместени стихови од гевгелиски и кочански автори. За нас особена чест претставува што во јубилејното издание членови се кочанските роднокрајни автори, истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директорка на ЈОУБ „Искра“.
-Особено ми е драго што ова се случува во рамките на Петровденското празнување. Се надевам дека ова издание на поетскиот серијал ќе продолжи со исто темпо како и до сега, истакна Стефан Марковски, директор на ЈОУ „Гоце Делчев“ – Гевгелија.
Промотор беше доц.д-р Ана Витанова Рингачева, модератор м-р Доне Донев, а за делото говореа уредниците Стефан Марковски, Васил Тоциновски и Славчо Ковиловски.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.