Во библиотеката „Искра“ попладнево беше промовирана поетската збирка „Кога тајно ги мамев чувствата“ од авторот Далибор Стојанов. Книгата содржи шеесетина поетски творби во кои се пее за љубовта.
Промотор на настанот беше Александра Закова Цветков, а модератор Верица Паунова Дамеска.
-Насловот на книгата е одбран затоа што ние тајно ги мамиме чувствата, а љубовта е дел од нив и затоа ги опеав во песните. Ова е моја втора книга, ја напишав по 22 години и се надевам на издавање на моја трета книга во блиска иднина, истакна Далибор Стојанов, автор на стихозбирката.
Настанот се организираше во рамки на одбележувањрто на празникот на Кочани – Петровден.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.