Во Библиотеката „Искра“ беше промовиран прирачникот „Моите здрави навики“ од првоодделенецот Милиан Чаршавски од Кочани. Се работи за книжевно првенче, а на настанот присуствуваа неговите соученици и врсници од останатите основни училишта.
Библиотеката се јавува како издавач на книгата на Чаршавски, кој е најмлад нејзин член со промоција на свое авторско дело, а промотор беше Андреј Јанков
Седумгодишниот Милиан ја изрази благодарноста за подршката, а присутните му посакаа успех и во иднина да продолжи со вакви достигнувања во областа на пишаниот збор.

Детскиот прирачник „Моите здрави навики“ е збогатен со содржини што се клучни за емоционалниот, физичкиот и менталниот развој на децата. Во рецензијата е нагласено дека пишаниот збор станува водич и спомен од секојдневието на авторот, но и приказ за поучните зборови и насоки што ги добива од неговото окружување.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.