Делото го промовираше Ѓоко Здравевски, извадоци од романот читаше Мери Каровска, а за Фондацијата „Славко Јаневски“ зборуваше Звездан Георгиевски.
-Наградата „Роман на годината“ се доделува по 19. пат. Досега ја доделуваше Утрински весник кој неодамна за жал згасна, но една екипа ветерани од тој весник сфатија дека со згаснувањето на весникот ќе згасне и една убава традиција на доделување на наградата, па затоа решивме да направиме фондација која ќе ја продолжи наградата. Сега сакаме романот на годината да биде промовиран во повеќе градови од државата, рече Звездан Георгиевски, Фондација „Славко Јаневски“.
На промоцијата за муичкиот дел се погрижија ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“ кои свиреа неколку композиции, а љубителите на пишаниот збор можеа да се снабдат со примероци од романот. Настанот беше во организација на Општина Кочани, Библиотеката „Искра“ и Фондацијата „Славко Јаневски“.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.