Андреј Стојанов денеска во ЈОУБ „Искра“ ја промовираше својата прва книга насловена „Проект на Андреј Стојанов – по зоологија и анатомија“. Ја пишувал две години и претставува негово видување на двете теми по зоологија и антомија, а исто така е и сублимат на неговите познавања од таа област.
-Книгата претставува поимник, каде тој како што ги доживува така и ги претставува. Посебен интерес што се јавувам како промотор, е тоа што тој пројави љубов кон медицината. Јас пред извесен период работев со него и во текот на самата работа се појавија повеќе прашања и интерес замедицинските науки, истакна Тоше Крстов промотор на книгата.
Авторот Андреј Стојанов е роден 1994 година во Кочани. При раѓањето се разболува од менингит, а тоа остава голема траума врз неговиот организам и на целокупното негово здравје. Поради здравствената состојба во која се наоѓа останал без основно и средно образование. Со основната писменост и молитвено, првославно-христијанската духовност се стекнува од поуките на неговите мајка и баба.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.