Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Промоција на пределните вредности на заштитениот предел Осоговски Планини се одржа на Пониква

автор: Т. Ајтовски
29 октомври, 2023
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Промоција на пределните вредности на заштитениот предел Осоговски Планини се одржа на Пониква

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на пределите, попладнево во Инфоцентарот на Пониква се одржа промоција на пределните вредности на заштитениот предел Осоговски Планини.

Со изложба на фотографии „Осоговските села“, како и со планинарска и велосипедска тура до планинскиот врв Панаѓур, во промоцијата беа вклучени Македонското еколошко друштво – МЕД, локални планинарски и велосипедски друштва, а организатор беше Телото за управување со заштитениот предел Осоговски Планини во состав на ЈП „Национални шуми“.

-Целта на настанот е да ги претставиме карактеристичните пределни и естетски вредности на заштитениот предел, на кој сме присутни повеќе од 15 години и ја истражувавме биолошката разновидност, она што вреди да се зачува, а потоа и да работиме на негова заштита. Тоа што по толкав период целото подрачје стана заштитен предел за нас е најголем успех и признание за работата, особено што ќе овозможиме во иднина да се зачува и развива според стандарди што се применуваат во современиот свет, истакна Деспина Китановска од МЕД.

Од ЈП „Национални шуми“ нагласија дека во изминатиот период, откако подрачјето е прогласено за заштитен предел, реализирани се поголем број активности со кои се заштитуваат и унапредуваат неговите природни, културни и сите други карактеристики. 

-Уште кога почна да се зборува за прогласување на Осоговските Планини за запштитен предел, една од главните карактеристики и вредности зошто тоа треба да се направи, беше долгогодишнта интеракција меѓу природата и луѓето, кои направиле специфичен пределски мозаик. На фотографиите што се претставени на оваа промоција се населените места и природните убавини во Осоговијата.Ние имаме тешка и одговорна мисија во наредните години сето ова не само да го зачуваме, туку и да го унапредиме и да го направиме подостапно во одржлива форма за идните генерации, истакна Маре Басова, помошник директорка во ЈП „Национални шуми“.

Пред околу три години подрачјето на Осоговските Планини, заедно со Малешево, беа прогласени за заштитени предели во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – излезна фаза, како проект на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC, координирана од „Фармахем“ од Скопје.

-Програмата почна со цел да и се помогне на нашата држава да ги зачува природните вредности, затоа што Македонија е обележана како своевидна жешка точка за биолошката разновидност и природата воопшто, притоа користејќи ги швајцарските искуства во зачувувањето и заштитата на природните вредности. Тие искуства покажаа дека чистата конзервациска активност не вродува толку многу со плод ако не се промовира одржливото користење на природните ресурси во насока на социо-економски развој на населението. Програмата е во завршна фаза, завршува до крајот на оваа година, и многу ми е драго што со нејзина поддршка можеме да помогнеме ваков значаен настан, како еден од низата на промоции што ги организираме, истакна Марјана Шушлевска од „Фармахем“.

Во рамки на проектот беа набавени пет теренски возила, лична опрема и униформи за 19 лица кои се ангажирани во ренџерска служба во заштитените предели. Тие имаа стручна обука, а обезбедени се теренски простории, како и потребна информатичка и друга опрема.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: заштитен пределосоговски планини

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“
Кочани

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“

автор: Т. Ајтовски
24 мај, 2025
0

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за...

прочитај повеќе
24-годишник од Кочани заработи притвор за убиство во обид
Кочани

Семејствата на жртвите во клубот „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

автор: Администратор
24 мај, 2025
0

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 24, 2025 - саб
Кочани, MK
15°C
облачно
облачно
2 m/s, WSW
92%
759.06 mmHg
sat05/24 sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28
-/15°C
слаб дожд
15/6°C
слаб дожд
18/8°C
облачно
20/12°C
неколку облаци
21/11°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?