Канал 8 ТВ
No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
No Result
View All Result
Канал 8 ТВ
No Result
View All Result

Противпожарното возило заглави меѓу тезгите во градскиот пазар, потребни се 20 минути да помине 300 метри од „Гоце Делчев“

Од Т. Ајтовски
27 јули, 2023
во Кочани
Време на читање:2 мин.
A A
Противпожарното возило заглави меѓу тезгите во градскиот пазар, потребни се 20 минути да помине 300 метри од „Гоце Делчев“

Ниту итната медицинска помош ќе биде брза, ниту противпожарното возило ќе стигне навреме да интервенира во случај на пожар ако треба да поминат во четврток по улицата „Гоце Делчев“. Во вообичаен пазарен ден околу 9 часот наутро, за да извози растојание од 50-тина метри на противпожарната екипа ѝ се потребни 7 минути, а за да стигне од мостот кај плоштадот до џамијата нема да бидат доволни ниту над 20 минути.

Вакви поразителни бројки покажа денешната пробна акција што ја спроведе комуналната инспекциска служба на Општина Кочани, во соработка со Територијалната противпожарна единица и Полициската станица, а со која беше поставена задача противпожарното возило да помине низ пазарот за што пократок период за да реализира можна интервенција.

Натрупаните импровизирани тезги на самиот коловоз на „Гоце Делчев“ го попречија возилото кое мораше да чека да се поместува одделно секоја тезга кон тротоарите. Ефикасноста во случај на вистинска потреба за интервенција ќе биде катастрофална.

Од комуналната инспекција истакнаа дека во наредниот период ќе се прават редовни контроли, а растојанието меѓу тезгите треба да биде најмалку 3 метри. Во спротивно, ќе следуваат соодветни санкции. Ние би додале: за волја на вистината, акциите ги имаше и порано, но резултатите од нив се чиста нула.

Јасно е дека проблемот со локацијата и со функционирањето на градскиот пазар, особено во четврток, е сериозен и комплексен и не може да се реши со кампањски активности. Прашањето за негова целосна дислокација е актуелно со децении, но ниедна локална власт до сега не се зафати за изнаоѓање трајно решение. Пред четири години имаше иницијатива за тоа, но во практика не се спроведе до денес.

За разлика од Кочани, некои од соседните градови, најдоа соодветни решенија за дислоцирање на пазарите од централното градско подрачје. Затоа, прашање е дали навистина пазарот кај нас и во иднина треба да остане таму каде што е или би можело да се размислува за друга посоодветна локација.

По завршувањето на денешната контролна акција, состојбата на улицата „Гоце Делчев“ се врати по старо.

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Ознаки: градски пазаркочанитериторијална противпожарна единица
Сподели64Tweet40

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Ротари клубот Кочани – Виница мапираше 60 километри велосипедски патеки во регионот
Кочани

Ротари клубот Кочани – Виница мапираше 60 километри велосипедски патеки во регионот

Од Т. Ајтовски
23 септември, 2023
0

Ротари клубот Кочани – Виница го промовираше проектот „Авантури на две тркала – по патот на комарците“, чија цел е промоција на велосипедизмот, културно-историските, природните и другите обележја...

Прочитај повеќе
За 100 отсто да поскапи паркирањето во Кочани ќе одлучува Советот на Општината
Кочани

За 100 отсто да поскапи паркирањето во Кочани ќе одлучува Советот на Општината

Од Т. Ајтовски
22 септември, 2023
0

Надоместокот што возачите го плаќаат за паркирање на возилата во централното градско подрачје на Кочани е меѓу најниските во државата, а според предлогот до Советот на Општината, наскоро...

Прочитај повеќе
Sep 24, 2023 - Sun
Кочани, MK
30°C
17 km/h, SSE
32%
758.31 mmHg
НЕД09/24 ПОН09/25 ВТО09/26 СРЕ09/27 ЧЕТ09/28
29/24°C
26/18°C
28/16°C
25/16°C
27/16°C
EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица.
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?