Од Секторот за општи и правни работи од Општина Кочани соопштуваат дека оваа мерка е внесена да создаде можност за превенција од тешките болести кај социјално ранливите групи, но и како родово одговорна мерка од областа на здравствената заштита во која им се дава еднаков пристап до здравствените услуги и на жените и на мажите.
Посебните анализи со тумор-маркери на простата и на дебелото црево се земени според процентот односно растот на заболени во Кочанско од овие тешки болести кај мажите и кај жените.
Финансиската помош за анализи и лабораториски услуги за рано откривање болести е во висина од 2.000 денари по барател, а според програмските документи на Општината, за овие лабораториски услуги годинава се определени 30.000 денари.
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.