Претедателот на ПСД “Осогово“, Тошо Антов, во телефонскиот разговор за Канал 8 рече дека за само неколку часа од објавувањето на апелот, се јавиле поголем број фирми и поединци од Кочани, но и од Виница, Скопје и други градови во Макеоднија кои понудиле да дадат помош. Со оглед на отежнатите услови за пешачење поради снегот, како и ограниченоста на тежината што може да ја понесе секој планинар, во план е воглавно да се однесат лекови и храна со подолга трајност. Иако имало понуди за донирање облека и слично, сепак таква помош во овој момент не би можеле да се реализира.
Планинарите на маршот ќе пропешачат 30-тина километри и ќе посетат неколку маала во атарот на селото Полаки каде има десетина жители, кои се над 70-годишна возраст.
Секој кој има желба да донира некаков производ, лек или пак парични средства, тоа може да го направи на трансакциската сметка 240130000288258 Уни Банка, или да го контактира престедателот на ПСД “Осогово“ на телефонот 078 270 724.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=qYHA9HPOoOg
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.