Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

ПСК „Осогово“ организираше свечен дочек за планинарот Зоран Николов кој се искачи на Аконкагва

автор: Т. Ајтовски
21 февруари, 2024
во Кочани, Спорт
време на читање: 3 мин.
A A
ПСК „Осогово“ организираше свечен дочек за планинарот Зоран Николов кој се искачи на Аконкагва

Членовите на планинарскиот спортски клуб „Осогово“ му приредија свечен дочек на својот член Зоран Николов по неговото враќање од експедицијата во Јужна Америка, каде пред една недела се искачи на врвот Аконкагва, кој е највисок на планинскиот масив на Андите.

Во просториите на клубот го дочекаа дел од најактивните планинари за заеднички да ја споделат радоста од постигнатиот успех и да го прослават одличниот почеток на исполнувањето на годишниот план за активности.

Николов, заедно со уште тројца македонски планинари беше дел од експедицијата која успешно ја заврши мисијата за искачување на највисокиот планински врв во светот којшто не е во Азија, односно на Хималаите.

-Сакав да се искачам на 7.000 метри и успеав, затоа што Аконкагва без триесетина метри е блиску до таа височина. Условите беа сурови, на врвот дури ни нема снег, го има подолу на околу 5.000 метри, а на самиот врв има многу силни ветрови кои го дуваат и останува голо. Температурите се околу минус 30, па и пониски, а ветровите достигнуваат брзина до 80, па и 100 километри на час. Многу се сурови условите, нема никакво растение таму, ниту животинка. Ние бевме четворица од Македонија и двајца планинари од Србија и за среќа сите се искачивме. Пред нас имаше многу групи од по 8, 16 и повеќе луѓе кои не се искачија, но за нас тоа не беше демотивирачки. Ден-два пред да се искачиме имаше силни ветрови, па други планинари се вратија, немаа успех да дојдат до врвот. За среќа, ние имавме убав ден, температурата беше во минус, но немаше силен ветер и успеавме, истакна Николов.

Во текот на експедицијата, Николов заедно со своите колеги поминале неколку денови во различни базни кампови на височина меѓу четири и пет илјади метри, за да обезбедат аклиматизација и подготвеност на организмот за искачувањето.

-Треба да си максимално подготвен, физички и психички, а ова второто можеби е и побитно, затоа што мускулите работат, но мора психата да е подготвена за да не се откажеш. Се доаѓа во клучни моменти кога е многу тешко, се спие на -30 степени во шатори на височина од 6.000 метри. Секогаш си велам, само уште овој врв и готово, но никогаш не е така, се надевам дека во наредниот период ќе се искачам и на 8.000 метри, додава Николов.

Николов е штипјанец, но член е на ПСК „Осогово“ од Кочани, каде нашол одлични пријатели и услови за остварување на своите цели за искачување на планинските врвови.

-Ова јас го гледам како во другите спортови, на пример еден фудбалер некогаш и не игра во својот град. Си го сакам Штип секако, но го сакам и Кочани и планинарскиот клуб „Осогово“, затоа што тие ми се како фамилија и повеќе години членувам овде. Сплотени сме, убаво се дружиме на планините и насекаде. Најголемиот проблем е обезбедувањето средства за експедициите кои чинат многу, има некоја финансиска поддршка, можеби четвртина од целата сума, а поголемиот дел јас си го платив, но кога станува збор за мерак, за ќеф, така е, заклучува Николов.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: пск „осогово“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
5°C
облаци
облаци
1 m/s, NE
78%
768.07 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облаци
12/5°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?