Планинарите Тошо Антов и Зоран Николов од планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани ќе учествуваат на еднонеделна експедиција за освојување на 5 врва на Алпите.
Експедицијата „Алпи 2023“ ќе се реализира од 28 јуни до 5 јули, а ќе учествува група искусни планинари од Македонија во чиј состав се и членовите на кочанскиот планинарски клуб. Тие ќе се обидат да направат потфат со искачување на врвот Гран Парадисо на 4061 метар што се наоѓа на терторијата на Италија, потоа на швајцарските врвови Зумстаишпиц на 4653 метри, Сигналкоп на 4554 метри и Балмерхорн на 4167, како и на највисокиот врв во Словенија – Триглав на 2863 метри. Целта на македонските планинари е сите пет врва да ги искачат во период од три дена.
Ваквата несекојдневна активност ќе биде прва за ПСК „Осогово“ и за македонското планинарство, со оглед што досега ниту една експедиција, не само од државата, туку и од поширокиот балкански регион, не успеала да реализира сличен подвиг.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.