Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Пчеларското здружение „Матица“ домаќин на 28. Денови на медот во Кочани

автор: Т. Ајтовски
25 октомври, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Пчеларското здружение „Матица“ домаќин на 28. Денови на медот во Кочани

Традиционално, секој последен викенд од октомври Паркот на Револуцијата во Кочани е собирното место за пчларите од целата држава, во рамки на 28. Денови на медот, чиј организатор е пчеларското здружение „Матица“.

Годинава на манифестацијата учесници се пчелари од повеќе региони на државата кои се претставуваат со сопствено производство на мед и други пчелни производи, а граѓаните можат да купат квалитетен мед од познати производители.

-Имаме околу дваесетина учесници од целата држава, почнувајќи од Охрид па до Пехчево, цела територија на Македонија. Ќе биде промовиран медот како производ од пчелите како здрава храна и останатите пчелни производи. Цел е граѓаните да се запознаат со бенефитите од медот како производ што треба да се консумира во текот на целата година за подобрување на имунитетот, истакна Борчо Атанасов, претседател на пчеларското здружение „Матица“ – Кочани.

Манифестацијата ја отвори в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски при што нагласи дека Општината дава поддршка на пчеларството, а „Деновите на медот“ да добие меѓународен карактер.

Од Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија нагласија дека изложбата на мед и пчелни производи е меѓу најстарите во државата, а потребна е поддршка од надлежните институции со оглед на проблемите со кои се соочуваат пчеларите.

-Условите од година во година се менуваат со климатските промени, многу можеби пчеларството е најпогодено. Оваа година мислам дека е нешто подобро, зависи од микрорегион до микрорегион, се слушаме со колегите  и сепак приносите се подобри од ланската година. Во однос на поддршката од страна на Министерството за земјоделие добиваме од пчелно семејство по 600 денари или десет евра, сепак тоа е малку. Ние и како Сојуз и како потсекторска група многу често разговараме и бараме дополнителни поддршки. Меѓутоа, сега засега ја немаме. Нашиот сојуз беше еден од иницијаторите и основачите и формиравме Европски пчеларски сојуз. На 20 мај, на Денот на пчелата во Словенија беше дојден еврокомесарот за земјоделие Хансен и на тие разговори беше договорено дека дополнително уште по 10 евра треба да се добиваат субвенции за пчелите и пчелните семејства во однос на големиот придонес и опрашувањето на растенијата. Тој заклучок треба да се реализира во сите европски земји почнувајќи од следната година 2026 година. Ние како Сојуз бевме на 12 јуни, разговаравме со нашиот ресорен министер и му го кажавме меѓу другото и овој заклучок. Министерот се сложи дека ќе бидеме едни од првите што ќе го реализираме овој заклучок, па се надеваме дека тоа ветување ќе се реализира, истакна Менде Трајковски, претседател на Сојзуот на пчеларски здруженија на Македонија.

Освен мед и пчелни производи, на изложбата е претставена и опрема за пчеларство, како и заштитни препарати за пчелните семејства. Во музичко-забавниот дел на манифестацијата настапија ученици од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, како и млади рок музичари од Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: денови на медотпчеларско здружение „матица“ - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
4°C
облачно
облачно
1 m/s, NNE
77%
767.32 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облачно
10/9°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?