Канал 8 ТВ
No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
No Result
View All Result
Канал 8 ТВ
No Result
View All Result

Раскинат е договорот за изградба на покриениот пазар во Виница, ќе се менува досегашниот проект

Од Т. Ајтовски
7 јули, 2023
во Регион
Време на читање:2 мин.
A A
Раскинат е договорот за изградба на покриениот пазар во Виница, ќе се менува досегашниот проект

Изградбата на новиот покриен пазар во Виница е привремено стопирана, откако Локалната самоуправа го раскина договорот со изведувачот „Промонтинг“ од Скопје, кој работеше на објектот.

Прекинот на договорот доаѓа по една година од потпишувањето на анекс за негово продолжување, а причина за тоа е што градежните работи не се одвиваа според планираната динамика, односно за две години завршена е само една петина од предвиденото. Општина Виница нема долгови кон изведувачот, а исплатени се околу пет милиони денари за досега завршената работа.

-Договорот со изведувачот истекуваше на 1 јули, но ние еден ден претходно го раскинавме и ја активиравме банкарската гаранција во вредност од 1,45 милиони денари. Тоа е пет отсто од вредноста на проектот, што изнесуваше окоу 30 милиони. Минатата година не го раскинавме затоа што ни одговараше да продолжиме под тие услови, односно цените на пазарот реално беа многу повисоки во однос на оние што важеле во времето на склучување. Веројатно и поради тоа фирмата немаше интерес и работеше со слаба динамика, а реализацијата е под 20 отсто. По препорака на стручни лица од областа на проектирањето и градежништвото ќе се направи измена на проектот, затоа што се проценува дека досегашниот е нефункционален, истакна Миле Петков, градоначалник на Општина Виница.

Во тек се активности за изработка на нов идеен проект, по што ќе следува анекс на основниот проект, а тоа што до сега е изградено од пазарот ќе биде задржано. Се планира да се исфрли горното ниво од објектот и да се измени покривната конструкција, со што би требало да се намалат и трошоците за изградба.

Покриениот пазар во Виница почна да се гради во јули 2021 година и со тогашниот проект се предвидуваше да зафаќа површина од 1.810 квадратни метри, на две нивоа со отворен и затворен дел, како и паркинг простор и прилагоден пристап за лицата со посебни потреби.

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Ознаки: виницапазар
Сподели71Tweet44

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Работилница со учениците за производство на хартија од оризово брашно се одржа во ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци
Регион

Работилница со учениците за производство на хартија од оризово брашно се одржа во ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци

Од Т. Ајтовски
28 септември, 2023
0

ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци беше домаќин и организатор на работилница со учениците на која тие се обучуваа за производство на хартија, за што една од главните суровини...

Прочитај повеќе
Вечерва ќе се прска против комарци во општина Зрновци
Регион

Општина Зрновци оствари рекорден износ од продажба на градежно земјиште, ќе наплати над половина од годишниот буџет

Од Т. Ајтовски
27 септември, 2023
0

Општина Зрновци оствари рекорден износ од продажба на градежно земјиште во државна сопственост и за 18 парцели, со површина од над 9.700 квадратни метри, ќе наплати близу 5,8...

Прочитај повеќе
Sep 29, 2023 - Fri
Кочани, MK
18°C
5 km/h, NE
61%
765.07 mmHg
ПЕТ09/29 САБ09/30 НЕД10/01 ПОН10/02 ВТО10/03
26/17°C
27/15°C
27/15°C
27/13°C
26/13°C
EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица.
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?