Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Реакција на Општина Кочани по информацијата за Планинарскиот дом на Пониква, сѐ уште не бил предаден на управување

автор: Т. Ајтовски
13 јули, 2023 12:35
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Реакција на Општина Кочани по информацијата за Планинарскиот дом на Пониква, сѐ уште не бил предаден на управување

Општина Кочани упати писмен допис до ТВ Канал 8 во врска со објавената информација за Планинарскиот дом на Пониква, во која беше наведено дека и по две години од завршувањето на изградбата на објектот, тој стои празен, а неговата околина е запуштена.

Општината, како краен корисник на резултатите од проектот „Планински велосипедски рај“, во чии рамки се градеше Планинарскиот дом, наведува дека влезната врата од објектот сѐ уште е заклучена затоа што вкупните активности од споменатиот проект не се завршени и покрај тоа што планираниот рок за негова имплементација е истечен. Истиот беше финансиран со грант на ЕУ и администриран од страна на Светска банка, преку Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања.

-Околу 10% од планираните активности не се завршени, поради што Планинарскиот дом како објект не е предаден на управување на Општина Кочани од страна на Единицата за спроведување на Проектот за локална и регионална конкурентност, стои меѓу другото во реакцијата од Општината.

Од самото почнување на реализацијата на проектот, Општина Кочани континуирано реагирала за динамиката на реализација, рокот бил продолжуван во повеќе наврати, но проектот – останал незавршен. По реакциите од општинските служби до сите релевантни институции, дел од нив се заложиле за конечна финализација на проектот.

Од Општината додаваат дека се преземаат континуирани активности и се очекува целосниот проект да биде завршен, а со тоа да може да се стави во функција Планинарскиот дом на Пониква.

Целта на информацијата на ТВ Канал 8 беше да укаже на состојбата каква што е на терен во моментот, без да навлегува во меѓусебните односи на Општината со државните и сите други институции. Ако има какви било неправилности, недостатоци или потешкотии во спроведувањето на процедурите, а што очигледно постојат, за тоа има надлежни органи каде треба да се пријави и да се спроведе соодветна постапка.

Во информацијата за Планинарскиот дом никаде не е спомената Општината како директен виновник за состојбата во која е објектот. Од друга страна, наместо писмени реакции по објавени написи, можат да се користат познатите модели на комуникација со јавноста, меѓу кои се прес-конференциите, а што во изминатиот период целосно изостануваат.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина кочанипланинарски дом

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија
Кочани

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија

автор: Администратор
5 февруари, 2026 10:34
0

Доброволното противпожарно друштво - Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило, што доцна синоќа пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од волонтерите пожарникари од...

прочитај повеќе
„Водовод“ бара согласност за поскапување на геотермалната вода за 3,4%
Кочани

Покачена цената на геотермалната вода од системот „Геотерма“

автор: Т. Ајтовски
31 јануари, 2026 13:15
0

Нова, повисока цена доби геотермалната вода од системот „Геотерма“ на кочански „Водовод“, со што наместо досегашните 61,90 денари за еден метар кубен, корисниците во иднина ќе плаќаат по...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 6, 2026 - пет
Кочани, MK
8°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
93%
750.81 mmHg
sat02/07 sun02/08 mon02/09 tue02/10 wed02/11
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/7°C
слаб дожд
9/6°C
облачно
6/5°C
облачно
7/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?