Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Реакција од ГФК „Осогово“ за судењето на натпреварот со „Арсими“

автор: Администратор
20 октомври, 2024
во Спорт
време на читање: 2 мин.
A A
Реакција од ГФК „Осогово“ за судењето на натпреварот со „Арсими“

ГФК Осогово ја информира јавноста дека Влатко Илиоски од Прилеп во својство на главен судија и Ангел Гелов во својство на четврт судија со намера и свесно, крајно непрофесионално дури и неетички му нанесоа голема штета на ГФК „Осогово“, но и на реномето и кредибилитетот на Судиската федерација при ФФМ.

На вчерашниот првенствен фудбалски натпревар од Втората лига во Кочани помеѓу ГФК „Осогово“ и „Арсими“ главниот судија Илиоски на директно барање на четвртиот судија Гелов додели втор жолт картон за чист старт на нашиот млад фудбалер Михаил Николов.

Судијата Илиоски покажа зачудувачки ниско ниво на личен интегритет и професионален дигнитет со тоа што дозволи Гелов да му наложи да даде картон за старт на што бурно реагираше без исклучок целата публика на градскиот стадион „Никола Мантов“.

Да биде небулозата поголема Илиоски повторно на барање на Гелов веднаш за приговор на неправедото казнување на фудбалерот Николов му покажа директен црвен картон на Спирко Златков кондицискиот тренер на ГФК „Осогово“. Односот на Гелов кон стручниот штаб на ГФК „Осогово“, но и кон навивачите беше најблаго речено понижувачки и навредлив.

Овие два настани внесоа силна доза на нервоза и го променија текот на натпреварот на резултат 1:1.

Кочани и „Осогово“ годинава гордо и достоинствено одбележуваат 100 години фудбал во Кочани.
Кочанската фудбалска публика важи за одмерена и гостопримлива со висока култура на почит кон гостите и судиите. Кочани во својата понова историја не памети фудбалски инцидент во кој од домашни фудбалери или навивачи биле нападнати судии или гостински играчи.

Тоа е под нашето ниво на урбано и фудбалско живеење. Ние се гордееме со нашата мирољубивост и почит кон спортските ривали. Ние го почитуваме и практикуваме фудбалот како витешка игра во која противникот се почитува, а победата се слави џентлменски, но и поразот се прима достоинствено.
А за нашата навивачка култура и почит потврдаонтинуирано даваат и љубители на фудбалот ширум Македонија.
Но токму заради нашата фудбалска историја и реноме во оваа прилика мора да ја информираме фудбалската јавност, а воедно и раководните и надлежни структури во ФФМ и во Судиската организација дека судиите Гелов од Кавадарци и Илиоски од Прилеп повеќе не се пожелни на натпревари кои ГФК Осогово ќе ги игра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

И доколку во иднина повторно бидат делегирани нашиот клуб ќе бара нивно изземање.

Воедно на фудбалерите и стручниот штаб на „Арсими“ им ја честитаме вчерашната победа.

Со почит,
ГФК Осогово, Кочани

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: гфк „осогово“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Екипата на „Але-дар“ е победник на 23. Петровденски турнир во мал фудбал
Кочани

Екипата на „Але-дар“ е победник на 23. Петровденски турнир во мал фудбал

автор: Администратор
13 јули, 2025
0

Во финалниот натпревар на 23. Петровденски турнир во мал фудбал, што се одигра на спортскиот терен во Бавчалук, „Але-дар“ ја совлада екипата на „Исток турс Цуфле“ со резултат...

прочитај повеќе
Почна турнирот во мал фудбал на Илинденските спортски игри во Зрновци
Регион

Општина Зрновци ќе биде организатор на традиционалниот Илинденски фудбалски турнир

автор: Т. Ајтовски
8 јули, 2025
0

Општина Зрновци и годинава ќе биде организатор и домаќин на традиционалниот 12. Илинденски турнир во мал фудбал. Поддршка во организацијата дава и Локалниот совет на млади од Зрновци,...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 17, 2025 - чет
Кочани, MK
30°C
чисто небо
чисто небо
3 m/s, SW
36%
756.81 mmHg
thu07/17 fri07/18 sat07/19 sun07/20 mon07/21
чисто небо
31/20°C
чисто небо
32/15°C
неколку облаци
34/19°C
чисто небо
37/21°C
чисто небо
40/24°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?