Вие ставивте нови прозорци во училиштата – но ги потонавте во долгови од 43 милиони денари. Зборувате за партизација во образованието – а заборавивте дека насила ги носевте наставниците на митинзи и ги претворивте во партиска машинерија. Спомнувате зголемување на данок – заборавивте ли дека во 2009 година, со нова методологија сите граѓани добија повисоки даночни сметки. Исклучоците беа ретки, но вам веројатно ви се познати. Неоправдано спомнувате непотизам – да ве потсетиме ли кој сè е вработен во Локалната самоуправа? Нè загрижуваат вашето критизерство и неинформираност особено кога зборувате за цената на водата, за која сите знаат дека е намалена.
Многу од она што вие го работевте –јавноста не знае. Не може ни да претпостави колку штетни се последиците од работењето на претходната власт. Затекнавме заостанати долгови, судски спорови, безидејна и инертна раководна администрација.
Вистина е дека работиме поинаку од вас. По сто дена финансиската состојба е стабилизирана, разговараме за проекти во кои нема уцени и провизии, меѓу нив е и браната „Речани“, која ќе продолжи да се гради.
Граѓаните знаат дека сега локалната власт работи поинаку од вас: законито, одговорно, транспарентно и отчетно, се вели во писмената реакција од кабинетот на градоначалникот Николчо Илијев.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.