Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Регионален центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка отворен во Кочани во рамки на македонскиот Црвен крст

автор: Т. Ајтовски
21 ноември, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Регионален центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка отворен во Кочани во рамки на македонскиот Црвен крст

Граѓаните на Кочани и од околните населени места добија Регионален центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка што ќе работи во рамки на Црвениот крст.


На свеченото отворање на Центарот, што се наоѓа во близина на новите простории на општинскиот Црвен крст – Кочани, присуствуваа министерот за здравство Азир Алиу, генералниот секретар на македонскиот Црвен крст Саит Саити, како и гости од Локалната самоуправа и од институциите во општината.

Министерот Алиу нагласи дека еден од приоритетите е менталното здравје, а за што веќе се креира јасно дефинирана програма, при што ќе се направат напори и активности за да може секој град да има ваков центар.

-За кратко време во нашата држава ќе имаме цела мрежа на институции кои ќе се грижат за менталното здравје. Многу брзо ќе излеземе и со акциски план за креирање на профили, таму кајшто има потреба, стручни лица за грижа на ментално здравје на нашите граѓани. Уште еднаш ценам дека ова е добар пример и ценам дека за кратко време ќе дојдеме со добри резултати коишто ќе ги реферира центарот за опслужување на овој регион за ментално здравје и психофизичка поддршка. Уште еднаш, овој начин на барање на здравствени услуги понекогаш ни е туѓ и мислиме дека не треба или се срамиме да се доближиме до вакви институции, ве уверувам дека ова е дел од нашиот секојдневен живот и треба така да ги гледаме, како што одиме кај доктор кога имаме болка или рана во нашето тело, така треба да одиме кај стручни лица кога мислиме дека имаме потреба некој да биде до нас, стручен професионалец којшто ќе ни каже убав збор или ќе ни даде патека како да ги надминеме нашите секојдневни пречки, истакна министерот Алиу.

Упатувајќи благодарност за поддршката во реализацијата на Центарот, генералниот секретар на Црвен крст, Саити истакна дека целта била да се пополнат одредени сегменти во кои има недостиг од здравствени услуги во општеството.

– На овој град, на оваа средина, им треба една ваква поддршка, секако сакајќи сето тоа да изгледа регионално, затоа што последиците што ни се случија на 16. март не беа само овде, туку беа малку со поширок опсег. Така и амбицијата наша е преку овој т.н. регионален центар да ги опфатиме потребите на тие луѓе пред сѐ, но секако дека преку ова ќе сакаме да наметнеме една култура, поинаква на однесување кон сопственото здравје. Овој цента, поддржан од Црвениот крст засега е димензиониран за наредните 3 години да биде во ваква функција, но јас искрено сакам да верувам, слушајќи го министерот пред тоа што говореше, дека Владата веќе се подготвува да овој дел го третира на еден по соодветен начин во смисла на посоодветна грижа. Искрено очекувам дека овие центри, што ние би ги отворале, за некое кратко време ќе бидат поддржани од системот здравствен на државата и ќе прераснат во содржини што трајно ќе бидат во функција на подобрувањето на здравјето, истакна Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст на Македонија. 

Во име на граѓаните од општина Кочани, благодарност за отворањето на Регионалниот центар упати градоначалникот Владко Грозданов, нагласувајќи ја важноста што тој ја има во периодот по големата трагедија.

-И овој пат покажавте дека сте со Кочани, вие сте нашите партнери во грижата за најранливите, за повредените, но и за секој од нас кој се соочува со оваа невидена борба. Како градоначалник, пред сѐ и ваш сограѓанин, ветувам дека Општина Кочани ќе биде активен соработник со овој центар, ќе ги поддржуваме програмите и ќе создаваме услови секој човек, без разлика на возраст, образование и социјален статус да има пристап до квалитетна психосоцијална поддршка и помош. Нека ова биде еден почеток за нов пристап кон здравјето почеток за похумано, посветено и посилно Кочани. Тоа е патот да чекориме сите заедно, истакна градоначалникот Грозданов.

Претседателот на општинскиот Црвен крст – Кочани, Дејан Арсов нагласи дека Регионалниот центар за ментално здравје ќе биде повеќе од институција и ќе претставува простор на сигурност, разбирање и професионална помош.

-Како општинска организација на Црвен крст – Кочани горди сме што учествувавме во создавањето на овој регионален модел на психосоцијална поддршка, модел кој можеби ќе се користи во другите општини во идни кризни ситуации. Искрено им се заблагодарувам на сите партнери, институции, поддржувачи кои помогнаа овој центар да стане реалност. Ова е вложување во иднината, во нашата заедница, но и во здравјето на секој поединец. Да продолжиме да градиме заедница која е хумана, поддржувана и отпорна на предизвици, нагласи Арсов. 

Регионалниот центар за ментално здравје е лоциран на улицата „Тошо Арсов“ и располага со простории за групна и поединечна работа на лицата на кои им е потребна психосоцијална поддршка.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: центар за ментално здравје и психосоцијална поддршкацрвен крстцрвен крст - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
3°C
облачно
облачно
1 m/s, NNE
80%
767.32 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облачно
9/9°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?