– Муслиманите кои постат во овој месец од пред изгрејсонце до зајдисонце избегнуваат јадење, пиење и интимн и односи. Ова е еден вид молитва кон возвишениот Господ, и токму за ова хуманитарната организација се ангажираше и заедно со партнерите од Скопје, хуманитарната организација “Глас на добрина“, приредивме ваква регионална ифтар вечера. Се собраа сите муслимани на едно место за да го одбележиме овој ифтар. Месецот Рамазан не е само за избегнување јадење, пиење и интимни односи, туку е и месец на братство и единство, месец на дарежливост, месец на милост и така натаму. Јас на сите муслимани им го честитам празникот Рамазан и се молам на возвишениот Алах во овој свет месец да ги прифати нашите молитви, рече Мухамед Мемедов, претседател на хуманитарната организација “Раце за помош“ – Кочани.
Мемедов додаде дека ифтар вечерата се организира на десеттиот ден од започнувањето на светиот месец Рамазан, а празнувањето завршува во средината на јуни со празникот Рамазан Бајрам.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=SSPIK2MFV_Y
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.