Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Регионална обука за формирање енергетски задруги за користење на сончевата енергија се одржува во Кочани

автор: Т. Ајтовски
15 јуни, 2023
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Регионална обука за формирање енергетски задруги за користење на сончевата енергија се одржува во Кочани

Дводневна обука за помош и поддршка за формирање енергетски задруги во Источниот регион се одржува во Кочани, во рамки на националната кампања што ја спроведува граѓанското здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) од Тетово.

Целта на проектот е да се поттикне учеството на граѓаните во енергетската транзиција преку формирање на енергетски задруги кои треба да овозможат поефикасно користење на обновливите извори на енергија. Активностите се реализираат во соработка со организацијата Solare Zukunft од Германија, а финансиската поддршка ја обезбедува Германската Фондација за заштита на животната средина (DBU).

-Нашите напори за формирање енергетски задруги, што ќе функционираат како граѓански здруженија, се насочени кон искористување на сончевата енергија за добивање струја. Идејата е да се зголеми бројот на граѓани кои ќе постават фотонапонски централи за да обезбедат енергија за своите домови или таму каде што е потребно. Кој било граѓанин може да биде член во задругата за чие формирање има два модела, според законот за здруженија на граѓани или според законот за задруги, што неодамна го донесе Парламентот. Ние ставаме акцент и го промовираме првиот модел, со оглед што тоа повеќе одговара на искуството за енергетски задруги што веќе постојат во други земји, истакна Сретен Коцевски од Институтот за развој на заедницата.

Со здружување на средствата, граѓаните ќе можат полесно да инвестираат во фотонапонски централи, а законските прописи определуваат дека тоа треба да биде на одредена територија, односно во една точка каде што ќе се наоѓа електрично броило. ИРЗ се залага да се направат измени и дополнувања, со што фотонапонските инсталации на граѓаните од различни места системот ќе може да ги препознава дека припаѓаат на една енергетска задруга.

-Според актуелната законска регулатива, во споредба со западноевропските земји, кај нас граѓаните сè уште не можат да ги уживаат придобивките од формирањето на енергетските задруги, но со процесот за пристапување кон ЕУ и измените што треба да се направат треба да дојде до големи олеснувања за целата процедура. Клучна улога во процесот ќе има и ЕВН, како оператор со електрична енергија, кој ќе треба целата регулатива да ја преточи во пракса за да можат граѓаните да ги добијат очекуваните придобивки, додаде Коцевски

Во текот на имплементацијата на проектот, освен обуките ќе има и други активности, а обезбедена е и финансиска поддршка за формирање на енергетски задруги и инвестиции во соларни панели, консултации и студиска посета во Германија.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: фотонапонски централи

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Над 6 илјади евра ќе чини превозот на членовите на избирачките одбори за локалните избори во општина Кочани
Кочани

Над 6 илјади евра ќе чини превозот на членовите на избирачките одбори за локалните избори во општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
17 јули, 2025
0

Организирањето на редовните локални избори за градоначалници и за членови на општинските совети, што треба да се одржат во октомври годинава, ги ангажираше општинските изборни комисии да почнат...

прочитај повеќе
„Привремените вработувања се штетни за децата и опасни за институцијата“ – Советот на Општина Кочани не даде согласност за времено ангажирање лица во градинката „Павлина Велјанова“
Кочани

„Привремените вработувања се штетни за децата и опасни за институцијата“ – Советот на Општина Кочани не даде согласност за времено ангажирање лица во градинката „Павлина Велјанова“

автор: Т. Ајтовски
16 јули, 2025
0

Без поддршка во Советот на Општина Кочани остана предлогот за измена на Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита во Општина  Кочани за 2025 година со...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 17, 2025 - чет
Кочани, MK
31°C
чисто небо
чисто небо
4 m/s, SW
34%
756.06 mmHg
thu07/17 fri07/18 sat07/19 sun07/20 mon07/21
чисто небо
31/20°C
чисто небо
32/15°C
неколку облаци
34/19°C
чисто небо
37/21°C
чисто небо
40/24°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?