Канал 8 ТВ
No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
No Result
View All Result
Канал 8 ТВ
No Result
View All Result

Реконструкцијата на патот Кочани – Делчево готова до крајот на јуни, ќе се обновува патот кон Пониква и обиколницата на Кочани

Од Т. Ајтовски
11 јуни, 2018
во Некатегоризирано
Време на читање:1 мин.
A A

– Овој пат којшто не е реконструиран од 60-тите години, е многу значаен за Коридорот 8 и за источниот регион. Очекуваме до крајот на јуни комплетно да биде завршен што ќе им овозможи на сите кои транзитираат по овој пат да почувствуваат бенефит. Дополнително, во сообраќајната инфраструктура за кочанскиот регион планирано е да се вложат уште 70 милиони евра со кои ќе се санира патот кон Пониква, обиколницата околу Кочани и секако експресниот пат Штип-Кочани, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Според директорт на ЈП за државни патишта, делницата кај Калиманци е најкритична, но се отстрануваат опасностите на поранешните свлечишта на овој патен правец.

– Веќе е во завршна фаза и остануваат уште 2,5 километри да се рехабилитираат. Опфаќа 18 мостови, 4 свлечишта или каменоломи што претставуваат многу голем проблем на овој дел  од патот. Овој пат не знам од кога не е рехабилитиран и за овој дел од Македонија, што е навистина прекрасен, ќе овозможи поголем проток на сообраќај и ќе овозможи луѓето секојдневно, без опасности од одрони, да се движат и да се упатуваат и кон централна Македонија, но и луѓето од централна Македонија и од другите градови да доаѓаат во овие прекрасни предели кои што се овде, рече Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев изрази задоволство од тоа што продолжува постапката за изградба на ескпресниот пат Штип – Кочани.

– Радува сознанието дека во завршна фаза е тендерската постапка за вториот дел од изработката на експресниот пат, делницата од Штип до Кочани, кој навистина е многу важен за целиот Исток. Значи, не зборуваме за проекти кои се важни за Кочани, зборуваме за проекти кои исто така се важни за целиот Исток, каде во последно време иселувањето е голем проблем и очекуваме дека со решавањето на инфраструктурните проблеми ќе се решат и дел од другите проблеми, се со цел да придонесеме за запирање на овој миграциски процес, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Реконструкцијата на патот кон Делчево е значајно за граѓаните за целиот регион, а според градоначалникот на Виница, покрај оваа делница регионот ќе добие и обновена алтернативна сообраќајна врска преку селото Бигла.

– Обезбедивме средства од 52 милиони денари за реконструкција и проширување на патот од Виница до Делчево преку селото Бигла со помош на Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта, така што се надеваме дека и во понатамошниот тек и другите делници што се во изградба, како што е патниот правец од Виница до Берово во должина од 7,5 километри ќе завршат што е можно побрзо, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Финансирањето на целиот проект за реконструкција на делницата од Кочани до Делечево беше обезбедено преку Светска банка за што државата доби кредит од 6 милиони евра.

T. Ајтовски

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
https://www.youtube.com/watch?v=9AwEM2-kU10

{backbutton}

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Сподели30Tweet19

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Почна жетвата на оризот и во атарите на Тркање и Чифлик
Регион

Почна жетвата на оризот и во атарите на Тркање и Чифлик

Од Т. Ајтовски
23 септември, 2023
0

По минатонеделните први класје собрани во атарот на Зрновци, денеска жетвата на оризот почна и на полињата во Тркање и Чифлик. Земјоделската механизација веќе го собра родот на...

Прочитај повеќе
Ротари клубот Кочани – Виница мапираше 60 километри велосипедски патеки во регионот
Кочани

Ротари клубот Кочани – Виница мапираше 60 километри велосипедски патеки во регионот

Од Т. Ајтовски
23 септември, 2023
0

Ротари клубот Кочани – Виница го промовираше проектот „Авантури на две тркала – по патот на комарците“, чија цел е промоција на велосипедизмот, културно-историските, природните и другите обележја...

Прочитај повеќе
Sep 24, 2023 - Sun
Кочани, MK
29°C
13 km/h, SSE
36%
758.31 mmHg
НЕД09/24 ПОН09/25 ВТО09/26 СРЕ09/27 ЧЕТ09/28
-/24°C
26/18°C
28/16°C
25/16°C
27/16°C
EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица.
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?