Ротари клубот Кочани-Виница вечерва во хотелот ,,Сити ин” во Кочани ја реализираше Отворената ротари вечер на која, освен ротаријанците, присуствуваа и лица од бизнис секторот од регионот.
Настанот го отвори претседателот на клубот, Зафир Наков, а за историјатот на Ротари интернешнал и Ротари Македонија зборуваше претходниот претседател Сашко Андонов. На вечерта беше претставена мисијата и визијата на ротаријанците, а целта е и придобивање нови членови.
-Веќе втора година го одржуваме овој настан Ротари денот- отворено со граѓаните. Овој пат нашето внимание го посветуваме со деловната заедница, луѓето кои придонесуваат во заедницата. Сакаме да ги запознаеме со активностите на Ротари клубот Кочани-Виница за да превземеме чекори во заедничка одговорност за делување во нашите проекти, активности иницијативи и така натаму. Резултатите од првата година беа успешни, се доближивме до граѓаните и ги запознавме со нашите проекти и активности, а сега со оваа средба сакаме да и се заблагодариме на нашите соработници. Меѓу другото наша цел е да го прошириме ротаријанството во служба на заедницата, истакна Зафир Наков, претседател на Ротари клубот Кочани-Виница.
На Отворената вечер беа претставени и досега реализираните проекти и донации во областа на образованието, здравството, спортот и слично.
На настанот предавање на тема Меѓугенерациска транзиција на компаниите имаше Глигор Цветанов, извршен директор на ,,Макпрогрес” од Виница. Исто така, беа поделени и благодарници за бизнис соработниците, а беше упатена и пораката дека целта на ротаријанците е да го промовираат мирот, борбата против болести, грижа за мајките и децата, раст на локалните економии и слично.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.