Младиот Михаил Стаменов од Зрновци годинава го послужи среќата и имаше најмногу успех во фаќањето на крстот што по повод Водици беше потопен во реката Зрновка.
Голем број православни христијани од Зрновци, Мородвис и Видовиште присуствуваа на свечениот чин на водосветот што се изведе на мостот на реката кај основното училиште „Синиша Стоилов“.
-Имам 21 година, прв пат скокав по крстот и имав голема среќа веднаш да го фатам. И времето и водата во реката беа супер. Бог се јави. Посакувам многу здравје, среќа и мир на сите, истакна Стаменов.
Дваесетина млади момчиња учествуваа на традицијата што во слава на Христовото крштевање во Зрновци се изведува со години наназад. Градоначалникот Борчо Коцев, од име на Општината, му додели пригодни подароци посакувајќи му здравје, успех и среќа во животот.
-На овој убав ден, заедно со жителите на општина Зрновци го одбележуваме големиот христијански празник Богојавление – Водици. По литургијата што се одржа во храмот „Св. Димитрија“ присуствуавме на чинот на потопувањето на крстот. На младиот Стаменов и на сите сограѓани им посакувам плодна и успешна година, со многу здравје и среќа во животот и успех во семејствата, истакна градоначачникот Коцев.
Стаменов доби благослов и од Македонската православна црква, како и многу честитки од своите сограѓани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.