Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Свечена седница на Советот на Општина Кочани по повод Петровден, доделeни општинските награди

автор: Т. Ајтовски
13 јули, 2018
во Некатегоризирано
време на читање: 1 мин.
A A

Тоа покажува каков е нашиот однос кон парите на граѓаните, тоа покажува колку ни значи Кочани. Се водиме од начелото за рамномерен развој на сите населени места, а пред се од потребите на граѓаните, преку активно вклучување на месните и урбаните заедници во одредувањето на приоритетите, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани. 

Вообичаено, на свечената седница по повод Петровден беа соопштени одлуките на Одборот за награди и беа доделени највисоките општински принзнија. Наградата за значајни оставрувањ за развојот на општината годинава и припадна на компанијата “Антура МК“, која за само четири години од започнувањето со работа кај нас, направи голем исчекор во обезбедувањето нови работни места, пред се за младите.

Од име на компанијата, за добиената награда се заблагодари нејзиниот управител Јохан Хејле.

– За “Антура МК“ оваа награда претставува вистинска потврда дека се движиме по патот кој обезбедува напредок, развој и успех. “Антура МК“, како до сега, така и во иднина ќе продолжи со градење на партнерска улога со Општина Кочани преку изразување на својата општествена одговорност, рече Јохан Хејле, управител на “Антура МК“.

Наградата за животно дело за 2018 година му припадна на ВИС “Тенеси“, музичката група која е пионер и еден од носителите на развојот на рок и поп музиката во Кочани. Емотивното обраќање на членовите на групата, кои денес се пензионери, ги разбуди сеќавањата на минатато меѓу повозрасните кои присуствуваа на свечената седница, а посебен белег остави нивниот настап со неколку музички нумери карактеристични за периодот од пред педесетина години.

– Наградата е едно големо признание бидејќи по сите овие години, четириесет, скоро педесет, бевме пристуни меѓу граѓаните, на некој начин ги развеселувавме, ги правевме среќни, се трудевме и мислам дека успеавме во тоа, рече Мане Колев, член на ВИС “Тенеси“.

– Многу сме восхитени од самата награда, благодарност до градоначалникот, па и понатаму да не не забораваат, ако треба пак да не викнат нешто, рече Лазар Јанев, член на ВИС “Тенеси“.

– Бидејќи се омажив на 18 години, излетав од Кочани, среќна сум што ме поканија и што учествувам во овој настан, рече Милка Захариева, член на ВИС “Тенеси“.

– Од името на сите нас од “Тенеси“ на сите граѓани на општина Кочани им го честитаме празникот, што на овој величествен ден го добиваме ова признание. По нашето заминување во пензија гледам се формираат многу групи. Значи, ние бевме иницијаторите, со нашето музицирање да се формираат повеќе групи, и забавни и народни и така, рече Иљами Мемедов, член на ВИС “Тенеси“.

– Младите, на нас што сме правиле, како сме правиле, да почнат да не копираат, да музицираат, да ствараат игранки, рече Благој Михаилов, член на ВИС “Тенеси“.

– Да бидат младите сега поуспешни од нас, да видат дека успехот се постигнува само со многу труд и љубов, рече Драган Манев, член на ВИС “Тенеси“.

На свечената седница на Советот беа доделени признанија и за десетина ученици од основните и средните училишта од општината. Тие  минатата учебна година забележале одличен успех во образованието и се прогласени за првенци на генерацијата.

На крајот од свечената седница за присутните беше приредена и кратка музичка програма.

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
https://www.youtube.com/watch?v=vJNfamDIsXI

{backbutton}

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
5°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, NNE
77%
768.82 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облаци
12/5°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?