– ЦККЕР “Светла иднина“ е организација чија мисија е насочена кон одржлив развој на ромската заедница преку јакнење на капацитетите на заедницата и промовирање мерки за масовно вклучување во процесот на донесување одлуки и креирање на јавни политики. За оваа цел ние ги користиме сите наши ресурси, за афирмирање на демократските процеси, толеранција и добрите меѓуетнички односи за взаемно добро, доверба и благосостојба во ромската заедница. Работиме темелно, тимски и доверливо, секогаш во согласност со потребите на заедницата. Нашеот мото е – Ние сме создадени од народот и служиме за народот, рече Мануела Саидова, извршен директор на ЦККЕР “Светла иднина“ – Кочани.
Во организирањето на активностите по повод Меѓународниот ден на Ромите, освен граѓанските здруженија и образовните институции, поддршка дава и Локалната самоуправа на Кочани.
– Ме прави многу горд и среќен што имав прилика да видам како се решава проблемот со вклучувањето на децата од ромската заедница во предучилишното образование. Секако, тој тренд треба да го продолжиме, да го задржиме и да го надоградиме и во училишното и во високото образование, се со цел што поголем број од ромската националност да биде вклучен подоцна и во сите процеси на градењето на нашето заедништво и за една подобра иднина на сите граѓани во општина Кочани. Свесен сум дека тоа нема да биде ни малу лесен и едноставен процес, меѓутоа тука сме да работиме упорно и напорно, изнаоѓајќи разни алатки, разни решенија на секој проблем, се за да придонесеме за едно добро заедничко живеење, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите ќе продолжи и в четврток, при што според изготвената програма се предвидува да бидат претставени Роми од општината кои имаат занчајни достигнувања во различни области.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=Jqs5rSzyxFU
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.