– Развојот и брзиот пораст на компанијата ги надмина нашите очекувања и затоа во 2016 година решивме да го удвоиме нашиот производствен капацитетот и за краток период ќе можете да го видите резултатот, рече Јохан Хејле, управител на компанијата „Антура МК“.
Амбададорот на Холандија во Македонија рече дека добрата бизнис клима кај нас овозможила неколку компании од неговата држава да инвестираат овде.
– Горд сум што имаме 5 големи холандски компании во Кочани – „Антура“, „Вин винкел“, „Вима фешн“, „Дена текстајл“ и „Геерлофс“. Сите пет имаат голем удел во локалната економија и отворањето нови работни места во регионот, рече Воутер Пломп, амбасадор на Холандија.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој присуствуваше на предавањето во употреба на новиот погон на „Антура“, рече дека Владата на Република Македонија и понатаму ќе поддржува вакви и слични успешни странски инвестиции.
– Една од најважните работи за секој инвеститор е сигурноста на неговиот капитал и предвидливоста. Во таа смисла, инвестиционата поддршка која, Владата ја дава за сите економски оператори во Македонија, ја преточивме во закон. Среќен сум што тој закон неделава помина во Парламентот и „Антура“ ќе биде еден од првите корисници на придобивките од него, во однос на она што инвестирале во 2017 година да инвестираат во наредните години, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер во Владата на Република Македонија.
Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев вети дека освен во индустријата, општината ќе даде поддршка и на странски инвестиции во земјоделството и во развојот на бањскиот и планинскиот туризам.
На свеченоста беше речено дека плановите се до 2020 година „Антура“ во Кочани да има над 700 вработени.
T. Aјтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=FS5ntik-GCY
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.