Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

СДММ – Кочани организираше јавна трибина „Предизвиците на младите лекари“

автор: Т. Ајтовски
27 април, 2024
во Кочани, Политика
време на читање: 2 мин.
A A
СДММ – Кочани организираше јавна трибина „Предизвиците на младите лекари“

Општинската организација на СДММ – Кочани денеска организираше јавна трибина на тема „Предизвиците на младите лекари“, на која беа изложени различни аспекти од здравствената сфера низ искуствата на лекарите кои од скоро ја почнале својата практика, како и за можностите и предностите што ги нуди јавното здравство кај нас.

На трибината говореа Симеон Стојанов, лекар по општа медицина, Филип Стојанов од Клиниката за кардиоваскуларна хирургија и Душанка Горгиева Трпевски, специјалист по детска стоматологија и в.д директорка на Општата болница во Кочани.

– Ми беше чест да бидам дел од трибината на која нагласив дека ние, младите лекари, се соочуваме со неколку проблеми коишто се надеваме дека во иднина ќе бидат решени , односно дека ќе стигнат до креаторите на здравствените политики. Најпрвин да кажам дека секој млад лекар во нашата држава се соочува со проблем при вработувањето и мислам дека веќе редно време е да се искорени тоа партиско политичко вработување и дека треба да се вработува врз основа на успехот. Друг проблем којшто е многу актуелен е невалоризација на трудот на лекарите во приватните здравствени установи во однос на јавното здравство. Имено, тие го злоупотребуваат младиот доктор и не го плаќаат доволно како што заслужува и како што е достоинствено. Испратив и една јасна порака на младите лекари во Македонија дека треба да останат во нашата држава, треба да бидат дел од јавното здравство и да го промовираат, бидејќи тие го завршиле образованието тука, за нив се вложени огромни средства и треба да ѝ возвратат на државата, истакна докторот Филип Стојанов.

Пренесувајќи го искуството од почетоците на својата лекарска практика, докторката Душанка Горгиева Трпевски нагласи дека отсекогаш имало предизвици пред младиот човек, без разлика во која област работи, а тоа е изразено и во здравството.

-Во изминатиот период беа преземени мерки со кои состојбата е подобрена, а така ќе се продолжи и во следниот мандат на новата влада, во кој ќе уште повеќе ќе се валоризира трудот на вработените во здравството. Во програмата на СДСМ е зацратано платите на лекарите специјалисти да изнесуваат 180 илјади денари, општите лекари да земаат 120 илјади, а медицинските сестри 90 илјади денари месечно. Исто така, во Општата болница во Кочани беше обезбедена опрема за современо дијагностицирање на здравствени проблеми кај граѓаните со што условите за работа се подобруваат, истакна Горгиева Трпевски.

Во рамки на трибината присутните имаа можност да поставуваат прашања за теми што се актуелни во здравството и за заштитата на здравјето на граѓаните.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здравствена заштитаздравствооо сдмм - кочаниоо сдсм - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“
Кочани

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“

автор: Т. Ајтовски
24 мај, 2025
0

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за...

прочитај повеќе
24-годишник од Кочани заработи притвор за убиство во обид
Кочани

Семејствата на жртвите во клубот „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

автор: Администратор
24 мај, 2025
0

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 24, 2025 - саб
Кочани, MK
15°C
облачно
облачно
2 m/s, WSW
91%
759.06 mmHg
sat05/24 sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28
-/15°C
слаб дожд
15/6°C
слаб дожд
18/8°C
облачно
20/12°C
неколку облаци
21/11°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?