Почитувани, барањата на ДПНЕ за покачување на цените за водоснабдувањето и канализацијата не престануваат, а причините за тоа не се наведуваат.
И покрај одбиената согласност од Советот, и покрај реакциите на кочанчани, ДПНЕ не отстапува од својата незаситеност и зголемувањето на трошоците на граѓаните.
Господа ДПНЕ до кога вашите партиски вработувања ќе ги крепите на грбот на своите сограѓани?
До кога за тоа ќе обвинувате некој друг? Претходниот пат за покачувањето на цените се оправдувавте со поскапувањето на ел.енергија, кое е вашето лажно оправдување овојпат?
До кога лица кои не исполнуваат услови и ја злоупотребуваат својата службена должност за лични бенефити ќе се назначуваат по повеќепати за директори?
Лица кои водат образовни институции со лажна привидност на жртви дека се дел од местенки, а против кои сеуште се водат постапки!? Објаснете им на граѓаните како и дали му ја плативте казната на директорот на средното училиште ,,Гошо Викентиев”. Објаснете им зошто сеуште се водат судски постапки за истоимениот и зошто по трет пат го назначувате за директор без неопходниот положен испит.
Под превезот на вашата лажна грижливост за развој на училиштата и општеството се крие само вашиот личен интерес. Само преку ,,Феникс” вашата ДПНЕ има украдено 15 училишта и 33 градинки, толку вредат 57 милиони евра.
Ова е вистинското лице на ДПНЕ, со своите партиски војници успеаја да го исцрпат тендерот за времени партиски вработувања во март. Истата режимска, криминална партија, која во секоја сфера на општественото живеење го води нашиот град само кон уништување.
Со почит,
ОО СДСМ Кочани
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.