Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, очигледно следејќи ги наредбите на нивната Централа во Скопје, денеска имаше прес конференција во обид.
Во секој искажан збор е видливо безидејното и паушално нафрлање празни зборови, само да се удоволи на партиската врхушка. Кочанските вмровци без вистински факти се обидуваат да ја оцрнат локалната власт по првите 100 дена од преземањето на функцијата во Општина Кочани. И наместо да кажат нешто против актуелната власт, тие всушност зборуваат за себе и проектите за кои имале желба, ама не ги реализираа за 9 години градоначалничка власт и 12 години мнозинство во Советот на Општината.
Почитувани колеги од ВМРО-ДПМНЕ,
Рано е да зборувате за неостварени проекти на оваа локална власт, затоа што таа само што започна да ги враќа огромните, милионски долгови во евра што ни ги остави вашата криминална врхушка на чело со поранешниот градоначалник против кој има кривична постапка.
Додека бевте на власт ниту помислувавте на граѓаните, ниту градевте, туку повеќе мислевте на себе и крадевте. За среќа на граѓаните, тоа време помина, но нема да ви биде заборавено, па секој ќе ја носи одговорноста за сопствените постапки и злодела.
Сето друго што го презентиравте на прес конференцијата во обид е набројување на вашите замислени, но неостварени желби што не заслужуваат посериозна анализа и коментар, стои во писмениот допис од ОО СДСМ – Кочани како одговор на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.