Зборувате за реална информираност, а не кажувате дека како власт 11 години со Вашата неспособна политика во земјоделието 80 милиони евра неповратни средства од претпристапните фондови од ЕУ наместо да ги добијат земјоделците за подобрување на своите капацитети и конкурентност, Вие ги оствивте неискористени.
Зборувате за вистинитост, а не кажувате дека со влезот на РМ во НАТО и ЕУ ќе значи отварање на пазар од 500 милиони жители, силна финансиска поддршка за македонските земјоделци и големи капитални инвестиции во агро секторот. И Вие знаете дека со силен агро сектор може да се достигнат бараните ЕУ стандарди, да се зголеми приносот и извозот или пак Вие едноставно не сте за влез во НАТО и ЕУ и подобар живот на земјоделците и граѓаните на РМ.
А за квалитетот на земјоделските производи има компетентни институции, а сигурно Вие во Вашиот партиски штаб ги немате мерните инструменти за да обвините дека од депонијата зависи квалитетот на земјоделските производи и здравјето на граѓаните.
И за крај знаме дека и Вие од ДПМНЕ сте свесни од благодетите при влезот на РМ во НАТО и ЕУ, и крајно време е да излезете од Вашите стереотипи и собирање на дневно политички поени и ЗАЕДНО да помогнеме кон подобра иднина на сегашните и идни генерации, стои во писмената реакција од ОО на СДСМ – Кочани на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.