– Во саботата и неделата на инфективното одделение донесени се сдум лица, затруени од храна и тие во моментот се на оделението, под терапија. Лицата се од општина Виница. Најмалиот пациент е 13 години, а најстариот е 57 години, рече Марина Шуманска , портпарол на Клиничка болница – Штип.
Од Центарот за јавно здравје во Кочани информираа дека веќе се земени примероци од храната и од работните површини во сендвичарницата и резултатите се очекуваат утре, а превентивно од страна на санитарната инспекција е издадено решение за забрана за работење.
За една недела ова е втор поголем случај на труење со храна во Виница, откако минатиот вторник пет лица беа задржани на лекување во болницата во Штип, при што се пожалија дека консумирале производи од слаткарница.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.