Се поставува прашањето дали во изминатиот период локалните власти си ја вршеле својата работа, надлежноста во делот на урбанизмот, планирањето, еве сега ни се одразува со ова. Имаме скоро 40 илјади барања, ако тоа го погледнеме и го претвориме во финансиски средства, значи ако ги пресметаме тоа се 20 милиони евра. Тоа е голема бројка, средства кои што требало да се слеат во општинската каса, рече Тодор Цонев, претседател на Здружението “ИНИ“ – Виница.
Анализата на состојбите со легализацијата на дивоградбите покажала дека во периодот по донесување на законот, општинската администрација има зголемени обврски, при што директно се вклучени околу 50 вработени во службите за урбанизам во сите општини од источниот регион. Досега, најголем број од постапките за легализирање се завршени во Кочани со 51 отсто и во Штип со околу 47 отсто.
Истражувањето за легализацијата на дивоградбите на Истокот, здружението „ИНИ“ го реализираше во изминатите шест месеци со поддршка од фондовите на ЕУ, како подгрант на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување на реформи“ во кој се вклучени Центарот за граѓански комуникации, БИРН и НВО “Инфоцентар“ од Скопје.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.