– Сега починатиот 54-годишен Б.А. од Кочани неколкупати со нож и нанел телесни повреди на својата сопруга, 44-годишната Л.А. по што со употреба на чекан и нанел неколку удари по главата. Сведоцви на насолството на брачниот пар биле 22- годишната ќерка и 13- годишното момче кое веднаш побегнало. Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција. Во тој момент, таткото се искачил на покривот од семејната куќа и од висина од околу 6 метри скокнал при што починал на лице место, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
По пристигнување на екипа на Итната помош, била констатирана смрт кај сопругот, а сопругата била пренесена во Општата болница во Кочани каде починала.
Од Основното јавно обвинителство во Кочани извршиле увид на лице место заедно со екипа на крим техника од Полицијата. Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот, издадени се наредби за прибирање и вештачење на траги, крв и урина од починатите за анализа и за вршење на обдукција на телата на починатите.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=RBTr-G3ib_Q
{backbutton}
©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.