Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, што го основаа семејствата на починатите во трагедијата во клубот „Пулс“, испрати писмен допис до државните и правосудните институции во кој се наведени неколку барања.
Во дописот до премиерот Христијан Мицкоски, до претседателот на Собранието, Африм Гаши и до претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, родителите бараат да им биде исплатена законската финансиска помош, а исто така семејствата да ја добијат и потребната институционална помош.
-Доставивме барање до Основното јавно обвинителство – Кочани да посредува за да оствариме средба со претставници од судска медицина во Скопје. Исто така, имаме барање за комплетен видео и аудио запис за време на судската постапка, се истакнува меѓу другото во барањето од Здружението.
Здружението „16 март 2025 – Кочани“ го најави и одржувањето на дванаесеттиот. „Марш за ангелите“, закажан за в сабота, 5 јули во 18:05 часот, како израз на незадоволството од бавната реакција на институциите и одолговлекувањето на судската постапка против обвинетите во случајот.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.