Во тек е асфалтирањето на улицата „Борис Трајковски“, со што привршува нејзината рехабилитација во должина од 785 метри.
Градежните активности опфатија и реконструкција на тротоарите од двете страни со поставени нови улични рабници. При уредувањето на пешачката површина беше поставена подземна електрична инсталација.
Изведувач на работите е градежната фирма „Ескаватори“, надзор – „Геинг“, а инвеститор е Министерството за транспорт и врски, со средства од Светска банка.
За реконструкција на улицата „Борис Трајковски“ инвестирани се околу 12 милиони денари, додека за обновувањето на паралелната улица „Гоце Делчев“ од спротивната страна на Кочанска Река обезбедени се 15 милиони денари.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.