Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка Interreg VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021 -2027 Ве информира дека на 11 јули 2023 година, во 11 часот, во Еуро Хотел Гратче – Кочани ќе се реализира Информативниот ден и Форумот за пронаоѓање на партнери за Отворениот повик за инвестициски проекти по Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“.
Овие настани се дизајнирани со цел да ги спојат Управниот орган, Националниот орган, Заедничкиот секретаријат на Програмата и потенцијалните апликанти и да ги запознаат со главните правила на Отворениот повик за инвестициски проекти под Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“.
Повикот е насочен кон специфична цел „Подобрување и зачувување на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните средини и намалување на сите форми на загадување“ и има за цел да ги идентификува предлог проектите кои ќе придонесат за развој на „зелена“ инфраструктура во урбаните и периурбани области, чиишто широки ефекти ќе имаат позитивно влијание врз здравјето и благосостојбата на луѓето, ја поддржуваат зелената економија, создаваат работни места и ја подобруваат биолошката разновидност.

Вкупниот износ на повикот за инвестициски проекти е над 4,5 милиони евра, а подобни кандидати на овој повик се законски основани јавни организации (правни лица), НВО/непрофитни организации со регистрација од областа на екологијата, заштитата на животната средина и биодиверзитетот, образованието и други дејности, со регистрација најдоцна две години пред оваа покана и универзитети или други академски/образовни/обучни институции.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.