Јавната набавка ќе се реализира со поедноставена отворена постапка, ќе се спроведе со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, а ќе заврши со е-аукција, како последна фаза за доделување на договорот. Критериум за избор е економски најповолната понуда.
Доколку работите се одвиваат според планираната динамика,во март може да се очекува почеток на овие градежни работи во Кочани.
Според планирањата на Општина Кочани, во текот на 2020 година ќе се реконструираат и улиците „Раде Кратовче“ на потегот од плоштадот до Бавчалукот, „Гошо Викентиев“, кај поранешен „Колор“ и левиот крак на „Тодосија Паунов“, паралелно со десниот реконструиран дел.
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.





