Сепак, жителите на улицата упатија телефонска реакција до Канал 8 со забелешка дека на одредени места улицата е премногу тесна и нема да обезбедува доволно простор за разминување на возилата. Притоа побараа надлежните во Локалната самоуправа да реагираат и да направат соодветно техничко решение, пред да бидат комплетирани градежните работи.
Од Општина Кочани рекоа дека градоначачникот Илијев, во придружба на претставници на Светска банка и надлежните вклучни во изградбата на улиците „Карпошово востание“ во Кочани и „АСНОМ“ во Оризари направија увид во текот на градежните активности и ги слушнале забелешките на граѓаните. Притоа било согледано дека изведувачот постапува според изработениот проект, а Општината во рамки на можностите ќе настојува да ги отстраниме пречките што се појавуваат, а на кои реагираат дел од граѓаните во населбата Усова Чешма.
Претставниците на Меѓународната банка за обнова и развој бараат од изведувачите и надзорот посебно внимание да се посвети на квалитетот на градежните материјали и на изведбата.
T. Aјтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=nuvhlhN50kM
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.