На улицата „Генерал Апостолски“, во близина на СОУ „Гошо Викентиев“, во тек се градежни активности.
Се работи на крак долг 223 м, со ширина од 6,5 м, каде што ќе се градат и тротоари од двете страни и велосипедска патека со ширина од 1,5 м. Улицата којашто ги поврзува двете катастарски општини Кочани и Оризари ќе добие два асфалтни слоја од вкупно 18 см.

Изведувачот на работите „Коле Транс“ од Штип деновиве ги поставува бетонските рабници и слојот со тампон.
За изградба на оваа улица Општина Кочани намени 5.760.000 денари од сопствениот буџет.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.