Почнаа градежните активности за изградба на локалниот патен правец до месноста Гробишта кај селото Мородвис, за што Општина Зрновци инвестира 2,7 милиони денари.
Средствата се обезбедени од државниот буџет преку владиниот повик за поддршка на проекти во локалната самоуправа за 2024 година.

Градежната механизација веќе работи на расчистување и пробивање на трасата со должина од 330 метри и ширина од 3,5 метри.
-После 29 години години постоење како Општина, денес почнавме со изградба на новиот локален пат во село Мородвис, со кој решаваме децениски горлив проблем за жителите на ова населено место од општина Зрновци, истакна градоначалникот Борчо Коцев.

Паралелно со пробивањето и тампонирањето на коловозот, се поставуваат и одводни цевки за атмосферската вода, а на крајот ќе се заврши со негово асфалтирање.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.