Ова се чести поплави на овој дел од атарот на Зрновско поле. Стапивме и во контакт со Водостопанство „Брегалница“ чија што надлежност е да управува со водите на речните корита и се надевам дека деновивеќе се направи регулација односно повторно да се врати водата во коритото на реката Зрновка. Ние како Општина еден дел ќе се потрудиме да помогнеме со давање на неколку стотици литри нафта, а механизацијата да ја обезбеди Водостопанство „Брегалница“ и на тој начин да успееме да ја свртиме водата повторно по коритото на реката Зрновка, рече Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.
Инаку, не само едниот дел, туку и делот од другата страна на патот бил поплавен, за што јасно се гледаат трагите и влажната почва на земјиштето. Формирани езера од вода имаше и неколку дена по дождот, а со оглед на временската состојба и прогнозата дека веќе од утре повторно се очекуваат врнежи од дожд, факт е дека за овој проблем треба да се интервенира итно и без одложување.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=Gemc4bR-hn8&feature=youtu.be
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.