За обезбедувањето соодветни услови за сместување на стотината жители на Старата касарна се разговараше и при престојот во Кочанина министерот без ресор Аксел Ахмедовски. Притоа е изнесен заеднички заклучок дека и за централната и за локалната власт решавањето на ова прашање има приоритет.
Во неоадамненото официјално излагање пред јавноста по повод празникoт на градот, градоначалникот Илијев рече дека на проблемот со нелегалното вселување во Старата касарна му се дава посебно внимание и за него сеподготвува долгорочно решение. Притоа, во соработка со Владата, односно со министерот без ресор задолжен за ромски прашања, се настојува за брзо и координирано дејствување.
Откако ќе биде изработена техничката односно проектната документација, ќе биде поднесена апликацијата за финансирање на овој проект преку Стратегијата за ромски прашања, од каде се очекува финансиска поддршка за негова конечна реализација,
Според градоначалникот Илијев, спречувањето на дивото вселување во Старата касарна и на узурпацијата на градежното земјиште се дел од главните прашања за локалната самоуправа на Кочани во делот спроведувањето на владеењето на правото.
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.