– Министерството и Управата за водостопанство ги интензивираа сите чекори и подготвки кои што се однесуваат на добивање на градежни дозволи за овие капитални објекти каде што како инвеститор се наоѓа Министерството. Биле запоставени многу од овие процедури кои се и во матичното министерство, но и во Министерството за транспорт и врски, коишто не биле направени до сега, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Министерот Николовски не даде детали за пропустите во процедурата за браната Речани, но тоа не значи запирање на реализацијата на проектот. Истовремено, тој најави дека освен за оваа капитална инвестиција, Министерството внимание ќе посвети и на другите слични објекти во регионот.
– Ние предвидуваме и низа други проекти на поврзување на системи, рехабилитација на постоечките, обнова на старите. Во целосна комуникација сум со сите градоначалкници од регионот, ја разбирам потребата за сите овие проекти и верувајте дека ќе ја имаат мојата поддршка, додаде Николовски.
Министерството за земјоделство планира да вложи околу 10 милиони евра за реконструкција на системите за водоснабдување на земјоделските површини во целата држава. Дел од овие средства се наменети и за ваквите системи во источниот регион.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=-KBtLHTkEx4&feature=youtu.be
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.