Почнаа активности за крпење на ударни дупки на улиците во Кочани. Главно работите се концентрирани на коловозите на „Маршал Тито“ и „Страшо Ербапче“, при што се санираат ископувањата направени пред подолг временски период.
По многу бројните реакции од страна на граѓаните за ударни дупки по улиците, надлежните конечно ги слушнаа нивните барања и ќе ги вратат коловозите во правобитната сосотојба.
Повеќето улици во градот се раскопани поради застареност на водоводната мрежа, а по направениот ископ практика е само да се затрупуваат дупките. Се санираат и оштетувањата околу шахтата за атмосферска вода на улицата „Страшо Ербапче“ над Стришанска Чешма.
По подолг временски период учесниците во сообраќајот ќе може нормално да функционираат, а граѓаните на Кочани очекуваат дека и останатите улици кои се наоѓаат меѓу оштетените ќе бидат санирани.
Општина Кочани во април годинава склучи договор со фирмата „Коле транс инжинеринг“ од Штип за крпење прекопи на улици и оштетени асфалтни површини, а сумата што ќе биде испатена е околу три милиони денари.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.